Дали е нормален: Си купи невидлива скулптура која не постои за 15.000 евра

Првата, веројатно и последна...

Првата невидлива скулптура во светот беше продадена, по вртоглава цена.

Скулптура наречена „I am“ (во превод, јас сум) од Салваторе Гарау беше продадена за 15.000 евра на аукција во Италија. Скулптурата мора да биде сместена во приватна куќа (да, иако не постои) во непречен простор со димензии 2,25 квадратни метри, според упатствата што доаѓаат со невидливото дело. Првичната цена на скулптурата беше 6.000 евра, но аукцијата резултираше во повеќе од двојно од износот.

Купувачот само физички ќе добие потврда за сопственост на скулптурата, бидејќи таа, всушност, не постои.

"Делото има историско значење и претставува совршена метафора на денешницата. Таа е целосно невидлива и како таква не може да се репродуцира на Интернет и е излишно да се спомене дека делото на Гарау нема негативно влијание врз животната средина", стои во описот на делото „Јас сум“.

„Празнината не е ништо друго освен простор полн со енергија, па дури и ако го испразниме и ништо не остане во него, според принципот на Хајзенберг, и „ништо“ има своја тежина“, објасни Гарау.

извор:srbijadanas.com