Дали е подобро да се вози со спуштени прозорци или вклучен клима уред кога е топло?
Дали е подобро да се вози со спуштени прозорци или вклучен клима уред кога е топло.
Судејќи според достапните податоци, возењето со климатизација ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобил со 4 патници за 5%.
Потрошувачката на гориво во голема мера зависи и од моделот на автомобил што го возите, од вашите навики за возење и од неколку други фактори.
Употребата на климатизација ја зголемува потрошувачката на бензин, но спуштените прозорци ја зголемуваат отпорноста, затоа моторот мора да работи понапорно, а со тоа да троши повеќе гориво.
Тестот покажа дека е полошо за потрошувачка доколку возите со спуштени прозорци со брзина од 85-95 километри на час.
Со таа брзина, ефикасноста на горивото се намалува за 20 проценти, додека кога се користи климатизација, таа опаѓа за 10 проценти.
Во случај да возите под 80 километри на час, тогаш спуштените прозорци се поефикасна опција.
Со други зборови, подобро е да се вози со спуштени прозорци кога сте во град, а температурите не се многу високи. Со таа брзина, отпорот ќе биде помал и моторот ќе троши помалку бензин.
Климатизацијата е подобра опција кога возите со голема брзина, и секако, кога надвор е пеколно топло.
Сепак, важно е да запомните дека никогаш не треба да возите без климатизација кога температурите надвор се високи, бидејќи топлината може негативно да влијае на вашите возачки способности.