Дали Македонците би го прифатиле ова? Видете како овој ресторан сега ги служи гостите

Пандемијата на коронавирус го менува угостителството, а Холанѓаните веќе започнаа со тестирање на нови начини на услужување на гостите во угостителските објекти и тоа во „оранжерии“ односно стакленици.

Еден ресторан во Амстердам, Медитеран ЕТЕН, сега прима гости во одделни стаклени куќи во кои можат да се сместат две лица. Клиентите на тој начин се целосно одвоени од другите, но исто така и од персоналот што им служи со долги ленти за да избегнат можен контакт.

Келнерите исто така носат визери на лицето и заштитни ракавици на рацете.

Овој начин на работа во моментот само се тестира, така што само блиски пријатели и семејство на персоналот имаа можност да го испробаат, и тие беа во можност да уживаат во вегетаријанска вечера. Во моментот добиваат резервации преку Интернет за периодот од 20 мај па натаму и веќе продале 240 резервации.


„Веќе имавме стаклена градина затоа што исто така правевме неколку уметнички проекти во ресторанот за на крајот да сфатиме дека може да служиме во оваа ситуација“, рече Вилм Велтовен, сопственик на ресторанот, за Рупшл. „Едноставно е пријатно и романтично, мислам дека ова би било одлично за паровите, навистина уживаме во тоа“, коментираа гостите.

Дали сличен принцип на работа како во овој ресторан во Амстердам ќе оживее во некои други објекти и земји останува да се види ...