Дали малата Грета Турнберг ќе ја добие Нобеловата награда за мир?

Денеска во Осло ќе се објави името на добитникот на Нобеловата награда за мир. Покрај многуте номинирани, се најде и шведската активистка за климатски промени Грета Турнберг која има само 17 години. Токму за неа се типува дека ќе ја однесе престижната награда.

Нобеловата фондација објави дека има 318 номинации за годинашната награда за мир. Лани добитник беше етиопскиот премиер Аби Ахмед, а првата Нобелова награда за мир во 1901 година ја поделија Швајцарецот Жан-Анри Динан, основач на Црвениот крст и Французинот Фредерик Паси, основач и претседател на Француското друштво за арбитража. Наградата за мир, се доделува во Осло за разлика од другите Нобелови награди - во Стокхолм традиционално на 10 декември, денот на смртта на основачот на наградата, шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел (1833-1896), пронаоѓач на динамитот.