Дали на оваа жена ѝ е потребен психијатар? Се омажила за крпена кукла, тврди дека му родила дете и дека имала контракции на породувањето!
Бразилката Меиривоне Роша Мораес реши да се ожени со кукла маж по име Марчело, а по венчавката набрзо станаа „родители“.
Меиривоне претходно и се пожалила на мајка си дека се чувствува осамено бидејќи нема партнер. Од таа причина мајката решила да ѝ го подари Марчело.
„Се заљубив во него на прв поглед.
Конечно добив човек со кој би можела да одам на часови по танц. Мојот живот доби смисла“, рече Меиривоне во интервју за списанието Need To Know.
На свадбата наводно присуствувале 250 гости, а парот потоа заминал на меден месец во Рио де Жанеиро.
„Тоа е многу посебен ден. Бевме преплавени со емоции“, додаде таа.
Нивниот „син“ Марселино се „роди“ на 21 мај. Меиривоне рече дека породувањето не било болно.
„Контракциите беа благи. Го родив за 35 минути. Ме навредува кога луѓето ми велат да лажам. Родителите ме научија да бидам искрена и секогаш да се водам од вистината“, рекла таа.
Очекувано оваа вест стана хит на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека на оваа жена и е потребна помош.
„Итно ѝ треба психијатар“, напиша еден корисник на Твитер.
„Се надевам дека ова е само добра шега“, додаде друг.
Фото: Printscreen/Youtube