Дали оној кој боледувал од друг вид на коронавирос е имун на Ковид - 19?
Научниот тим околу германскиот виролог Кристијан Дростен открил дека едно лице кое веќе боледувало од некој друг вид на коронавирусот може да е имун на сегашниот Ковид - 19.
Дростен и неговите колеги укажуваат дека одредени поранешни заболувања може да доведат до имунитет против корнавирусот.
Тој објаснува дека ги истражиле ќелиите - Т кај пациентите што се веќе излечени од коронавирусот и кај оние што не се инфицирани.
„Се изненадивме кога видовме дека кај 34% од пациентите постојат реактивни ќелии - Т, иако никогаш не биле во контакт со САРС-КОВ2 вирусот“ - објаснува Дростен.
Како што вели, постојат сличности во структурата помеѓу четирите коронавируси кои веќе биле познати и новиот САРС-КОВ2.
Во тој случај, како што објаснува, поранешните заболувања предизвикани од еден од веќепознатите четири коронавируси би можело да биде објаснување за имунитетот против актуелниот вирус.
Тој наведе дека не смее да се исклучи можноста дека една третина од жителите од популацијата е имуна.