Дали промајата навистина може да нè убие: Д-р Рогановиќ дава одговор на прашањето за најголемиот страв
Вие не живеете на овие простори ако никогаш не сте ја чуле реченицата - ме уби промаја, и иако е познато дека балканците не се плашат од скоро ништо, секој ден се соочуваме со „страв“ од оваа појава.
- Устата може да се искриви, да се укочи дел од телото, може да влијае и на мускулите - набројуваат луѓето што се' може да тргне наопаку, ако не дај Боже, не' фати промаја.
Сепак, ретко има храбри луѓе меѓу нас кои се имуни на овој феномен, па тие стоечки издржуваат кога дува од сите страни.
- Јас секогаш сум на промаја и не се плашам. Не сум чул дека таа навистина убила некого досега - се пошегува еден човек и додава дека сето тоа е прашање на навика и верување.
И што велат лекарите? Може ли промајата навистина да не' убие и дали тој страв е барем малку оправдан.
- Во медицинската литература навистина нема забележано влијание врз здравјето, што е предизвикано од промаја. Но, практиката честопати не' негира затоа што нашата носна слузница, синусите и областа околу ушите се подложени на надворешни влијанија, така што промаите можат да влијаат на нивната сегашна состојба - рече д-р Милан Рогановиќ.
Сепак, она што е сигурно - сигурно е ако вашиот прозорец е отворен, барем затворете ја вратата - да не ве убие промајата :-)
извор: beograd.in