Дали пукна љубовта помеѓу Ферхунде и Џамбазов? „Цена: по ваша желба. Ако немате ни толку, ја подарувам...“

Џамбазов сподели неочекувана објава

Познатиот шоумен Игор Џамбазов откако се спријатели и ја вдоми Ферхунде, редовно споделува видеа од неговото секојдневие со неа, од палавштините кои му ги прави и приредува кучето, но и од убавите и емотивни нивни заеднички моменти.

Љубовта која ја имаат кучињата и лојалноста кон човекот е неверојатна, не бадијала од памтивек се потенцира дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Љубовта која ја има Ферхунде кон Игор делумно само е покажана во видеото кое е снимено пред неколку недели, а во него е овековечен моментот на спојување на Игор и Ферхунде по 5 дена разделба:

Овој пат Игор ја изненади јавноста и напиша: Се продава...“.

„Се продава кучка од расата Дојрански вучјак.

Јаде чорапи, патики, теписони, чаршафи, ќебиња.

Упропастува дебитни картички и многу други важни документи. Обожува нотарски оригинали.

Уништува двоседи, троседи, се' до седмоседи.

Името и е Ферхунде, ама можете и да и го смените. Барем кај нас тоа не е невообичаено.

Цена: по ваша желба.

Ако немате ни толку, ја подарувам...“. 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Објавата на актерот собра интересни коментари и поддршка за Ферхунде.

Џамбазов во свој стил повторно горд на својата Ферхунде преку фотка ја покажа неговата верна пријателка и преку објавата ја потсети јавноста на нејзините палавштини. Јадењето и уништувањето ан неговата дебитна картичка, уништувањето на креветчето за кучиња, хаосот кој го направи Ферхунде во неговиот стан во Козле итн.

Фото: Инстаграм