Дали се сеќавате на „Царот“ од народните приказни: Неговото име и денес предизвикува позитивни емоции и убаво чувство
Неодамна се навршија цели 20 години од заминувањето на Ѓорѓи Колозов. Неговиот лик и дело живеат и денес, особено преку народните приказни кои го одбележаа детството на многу генерации и се уште важат за едни од омилените.
Она што секогаш за себе го велел е дека не сака да се наметнува на публиката, туку сака таа да го засака преку неговите дела, што подоцна се оствари во целост. Неговото презиме Колозов и денес предизвикува лавина емоции и не потсетува на едно убаво време.
Тој беше еден од најпознатите актери во Македонија, особено запаметен по неговите извонредни толкувања на разни ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Голема популарност стекна и во македонската дијаспора во Австралија и САД.
Колозов беше добитник на голем број награди и признанија, меѓу кои: Наградите "13-ноември, "Ристо Шишков", "Војдан Чернодрински", "11-октомври", "Васил Иљоски" и многу други.
Иако 20 години не е со нас, она што го остави позади себе е непроценливо богатство, и токму затоа неговиот лик и дело ќе живеат уште долго.
Фото: facebook