Дали сте чуле за „мртвиот цвет“? Сите брзаат да го видат, тој изгледа прекрасно, но го има овој „дефект“! Неподносливо!
Кој би помислил!
„Суматран“ изгледа убаво, но има еден недостаток: мириса ужасно и тоа само во периодот на цветање.
Затоа се нарекува „мртов цвет“ или „цвет од мрша“.
За неговиот необичен изглед придонесуваат и боите кои преминуваат од црвена до темно виолетова и кои потсетуваат на бојата на месото.
Минатиот викенд овој цвет, чие официјално латинско име е „Amorphophallus titanum“, процвета во ботаничката градина во Сенд Диего, во јужниот дел на Калифорнија, а голем број луѓе се собраа да ја почувствуваат неговата смрдеа, карактеристична за трупови.
Цветот почна да цвета во неделата, а сите билети беа распродадени во понеделник.
Во овој период Суматран испушта мирис кој потсетува на расипано месо со цел да привлече инсекти кои помагаат при процесот на опрашување.
Според податоците на Американската ботаничка градина, ова растение е многу ретко и ги има само илјада во светот. Обично достигнува висина од 3,6 метри и цвета дури по десет години.
Но, луѓето го сакаат ова растение, па неодамна повеќе од илјада луѓе побрзаа на напуштена бензинска пумпа во округот Аламеда, заливот Сан Франциско, за да мирисаат еден таков цвет кој почнал да цвета.
Фото: Профимедиа