Дали знаете каква цел имаат оние кои наместо своја, ставаат ФОТКА СО ПАРТНЕР на нивниот профил?
Едно неодамнешно истражување покажа дека 29% од корисниците на „Фејсбук“ го прават тоа, а дури 70 проценти укажуваат дека имаат партнер или дека се во брак. Зошто го прават тоа, каква порака испраќаат и на кого?
Има луѓе кои се склони да покажуваат љубов во јавноста. Ако тие се среќни и посветени на врската, а во исто време и љубоморни, тогаш веројатно ќе го објават својот емотивен статус на социјалните мрежи. Ова важи и за луѓе кои постојано се плашат дека партнерот ќе ги остави, додека оние што се плашат од врската, ќе избегнуваат јавно да соопштат дека се во врска.
Со објавување на слика од партнерот, тие сакаат да ги избркаат сите други, но и да им објаснат на сите колку се среќни.
Научниците веруваат дека на тој начин, луѓето потенцираат колку се приврзани кон партнерот и дека веројатно нема да се согласат на романтичните „комбинации од страна“, пишува порталот Бигтинк.
Но, некои го прават тоа од тактички причини. Тие сакаат да се заштитат од опасностите што демнат на социјалните мрежи и да ја одземат потенцијалната конкуренција, односно да ги предупредат „ривалите“ дека се среќни, а за некои тоа едноставно го зајакнува егото.
Студијата заклучува дека објавувањето на споделени фотографии може да има позитивен ефект врз врската или, барем, да ги избрка оние кои би можеле да бидат закана.