Дали знаете колку чини најскапиот паразит на светот?
Дали некогаш сте слушнале за Yartsa Gunba - габа која напаѓа гасеници од молци и чини до 50.000 долари за половина килограм?
Ако не знаете, не сте единствените. Оваа печурка е многу ретка стока која доби неверојатно висока цена. Содржината на желудецот на кит, познат како Амбегрис, е состојка во многу парфеми, а едно парче од таа супстанца чини до 320.000 американски долари. Yartsa Gunba, што значи „летна трева - зимски црв“, се јавува кога подземните гасеници се заразуваат со паразитска габа - Ophiocordyceps Sinensis.
Можеме слободно да кажеме дека оваа печурка се здоби со популарност заради препораките дадени на кинеската медицина, според кои е способна да лекува бројни болести, а е моќен афродизијак и ги подобрува физичките функции. Овој редок производ стана неверојатно популарен меѓу богатите Кинези. Печурката не е популарна само како „хималајски афродизијак“, туку е исто така важен дел од кинеската традиција за размена на подароци.
Ненадејниот пораст на популарноста покрена голем број прашања и создаде проблеми во областа Допла каде се одгледува печурката. Според наводите, берењето на оваа печурка му штети на екосистемот на оваа област, што пак ја прави уште по скапа и по ретка.