Дали знаете за што служат копчињата на ракавите на сакото: Не се таму за естетика...

Многумина мислат дека копчињата на ракавите на сакото се ставени од естетски причини, но тие имаат долга историја зад себе. Иако нема точно објаснување, две вообичаени теории владеат низ годините.

Првото објаснување е дека тие биле ставени, за војската да изгледа уредно. Во оваа приказна за потеклото на копчињата  се вели дека вклучувањето копчиња на воените блејзери било наредено од кралски и политички фигури, како што се кралицата Елизабета и Наполеон Бонапарта. Нивната наводна причина за копчињата на ракавите била да ги спречат војниците да ги користат нивните ракави како начин да ги исчистат носот, устата и раните.

Наводно, моќните фигури чувствувале дека војниците со валкани ракави не ја прават војската да изгледа сулна и угледна, па затоа биле зашиени копчиња до краевите на ракавите за да се спречат војниците да ги уништат униформите.

Другата идеја за потеклото на копчињата било да се олеснат физичките задачи. Во тоа време, сакоата биле вообичаено парче облека за мажите кои ги носеле секој ден, а не само како униформа или кога оделе на состанок.

Кревањето тешки товари во тесни ракави им ја отежнувала работата на мажите, па копчињата им овозможувале да можат да ја вршат својата работа без да чувствуваат стегање. Дополнително, иако денес копчињата сè уште се наоѓаат на краевите на ракавите, можеби сте забележале дека некои копчиња немаат дупка низ која треба да поминат.

Зошто е така?

Благодарение на светот на брзата мода, производителите сфатија дека ставањето дупки за копчиња ќе им отежне на луѓето да се приспособат на облеката. Ако копчињата се „лажни“, секој може многу полесно да ги скрати или стесни ракавите


Фото:Pixabay/StockSnap