Дамјан од Скопје тргна пеш до Острошкиот манастир: Еве која е целта зошто ќе пешачи 400 километри до светиот храм

Дамајн Марковски од Скопје тргна пеш до Острошкиот манастир во Црна Гора за подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија, објавија од Фондацијата Марко Божиновск.

Предизвикот на Дамјан е 400 километри пеш до Св. Василие Острошки.

„Запознајте се со Дамјан Марковски, спортист кој целата своја младост ја има посветено на фудбалските терени, а сега пред него е подвиг за кој ретко кој би се охрабрил да го исполни. Дамјан, кој во моментов има зад себе 32 километри, утринава во 6 часот од центарот на Скопје тргна пеш кон манастирот во Острог, оддалечен околу 400 километри! Имено, со ова пешачење Дамјан на свој начин изразува благодарност кон Св. Василие Острошки, манастир кој имал значаен придонес во оздравувањето на член на неговото семејство.Покрај тоа, оваа иницијатива ја користи и за покренување на свеста за интензивирање на медицинската грижа особено кај младите спортисти! Па така, тој ги повика сите да донираат симболичен износ на нашиот линк во био, додека не бидат објавени телефонските броеви за донација, а средствата собрани од оваа инцијатива ќе бидат искористени за набавка на Polar мерачи на срцевиот ритам“, стои во објавата за Дамјан.


Фото: Инстаграм