„Дедо ми јаваше камила, татко ми исто, јас возам мерцедес, син ми ленд ровер, внук ми исто така ќе вози ленд ровер, а мојот правнук веројатно пак ќе јава камила...“

Кога основачот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, бил прашан како ја гледа иднината на својата земја, тој одговорил:

„Дедо ми јаваше камила, татко ми исто, јас возам мерцедес, син ми ленд ровер, внук ми исто така ќе вози ленд ровер, а мојот правнук веројатно пак ќе јава камила...“

Слушателите останаа зачудени, па го прашаа:

- Зошто?

Тој одговори:

- Има некои принципи кои секогаш дефинираат се. Еве за што се работи: 

Тешките времиња прават силни мажи, силните мажи прават добри времиња, добрите времиња прават слаби мажи, слабите мажи прават тешки времиња.

Многумина нема да го разберат ова, но просперитетот кај нас произведува паразити, а не воини“.