Дедо со ова ВИДЕО ги освои срцата ширум светот: Внуката тајно го снимила, а тоа што го направи ќе ве насмее до солзи
Ова денеска сигурно ќе
ве насмее од срце
Бабите и дедовците играат важна улога во животот на секое дете, а времето поминато со нив се единствени моменти кои се паметат во текот на животот.
Тие се способни да направат се‘ за нашата насмевка и да не‘ расположат, па се склони кон разни лудории.
Тоа го покажал и еден дедо кој бил среќен што неговата внука го снимала додека ја средува својата коса пред огледалото.
И додека многумина ќе помислат дека, како што обично се случува, му треба само еден чешел, доволно голем за да го собере во џебот од кошулата, овој дедо покажа дека тоа го прави на многу покреативен начин.
Додека неговата внука не можеше да престане да се смее, тој внимателно и трпеливо, верувале или не, си ја направи фризурата со помош на правосмукалка, влечејќи воздух од цевките на прамените коса, па доби изглед на привремена ѕвезда. Досетливоста на дедото беше поздравена од многумина, но и неговиот младешки дух и покрај неговата возраст. Клипот собра 1,1 милион лајкови и тони коментари.
@pubity The way he turns around and laughs (@CONTENTbible) #pubity original sound - pubity
- Смеењето до стомак е сè -
- Тој е прекрасен -
- Неговата смеа ми го разубави денот! – коментираат корисниците на ТикТок.
Фото и Видео: ТикТок