Дефинитивно најскапата куќа во светот: Одамна е на продажба, а еве зошто никој не ја сака! Погледнете го ова чудо
Изградбата на вилата на кралот Леополд Втори, најскапата
куќа на светот, која се наоѓа на француската ривиера, започнала во 1830-тите, а
била завршена на почетокот на 20 век. Вилата била наменета за љубовницата на
кралот Бланш Жозефин Делакроа, а денес се продава по цена од неверојатни
милијарда евра.
Кога Леополд починал, Бланш бил протеран од вилата, а неговиот внук, кралот Алберт I, се вселил. Сегашната сопственичка на куќата е Сузан Марние Лапостол, член на семејството Гранд Марние, кои ја поседуваат вилата од 1920-тите. Сега ja продава бидејќи сака нешто помалку за живот. Вилата има десет спални соби, неколку помали базени и еден олимписки.
Покрај тоа, таа се смета за една од најубавите градини во Европа, која опфаќа 15 хектари одржувано земјиште, со повеќе од 1.500 различни растителни видови и околу 20 оранжерии со ретки тропски видови. Покрај тоа, вилата има сала за бал, како и штали во кои можат да се сместат и до 30 коњи.
Најблиски соседи се британскиот композитор Ендрју Лојд Вебер и американскиот бизнисмен Пол Ален. Вилата е на продажба од летото 2016 година, но би се рекло дека никој не ја сака по цена од милијарда долари, иако вредноста на имотот и самата зграда се проценува на толку.