Дел од трупот на авионот испаднал во воздух: Драма на летот со 145 патници
Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми.
Авионот на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, најверојатно за време на летот му паднал дел од трупот на авионот. Тој сепак безбедно слетал на аеродром во јужен Орегон кога бил пријавен инцидентот. Никој не е повреден, а не се пронајдени делови од трупот.
Постариот авион Боинг 737-800, кој пристигна во јужниот дел на Орегон по полетувањето од Сан Франциско, остана без дел од трупот, соопшти надлежната инспекција, нагласувајќи дека никој од патниците не е во животна опасност.
„Аеродромот ги прекина летовите за да ја провери пистата и евентуално да најде делови од трупот, но ниту едно парче не беше пронајдено“, изјави директорот на аеродромот.
Портпаролот на „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека во авионот имало 139 патници и шест членови на екипажот и дека не е прогласена вонредна состојба, бидејќи немало индиции за штета за време на летот.
„Кога авионот беше паркиран, беше утврдено дека нема дел од трупот. Ќе спроведеме темелна истрага на и ќе извршиме поправки пред да се врати во употреба“, рече портпаролот.
Авионот е во употреба од 1998 година, а првпат го користела компанијата „Континентал ерлајнс“. Со него управува United Airlines од 2011 година.