Деловна можност што им дава моќ на многу жени, но и на мажи

Дали некогаш сте размислувале да почнете сопствен бизнис? Сè повеќе луѓе, а особено жените се насочуваат кон претприемништво, а според второто годишно истражување за глобално претприемништво на Herbalife Nutrition, 72% од жените сакаат да почнат сопствен бизнис. 50 % од овие жени моментално немаат бизнис, а 22 % од нив веќе имаат свој бизнис, но би сакале да почнат друга бизнис активност.

Во нашето истражување, спроведено од страна на OnePoll, учествуваа 9.000 жени од 15 земји, меѓу кои 2.000 жени од САД, и ни ги открија најдобрите причини, мотивирачки фактори и очекувани предизвици при нов бизнис.

Најдобрите причини зошто жените се насочуваат кон претприемништво

Воопшто не е лесно да се донесе одлука за градење бизнис. Кои се тие мотивирачки фактори што го водат претприемничкиот дух? Како глобална нутриционистичка компанија што нуди економска можност, Herbalife Nutrition сака да ги разбере реалните придобивки што жените сметаат дека ќе ги имаат кога ќе станат претприемачи.

Најчесто спомнувани придобивки се:

  • потенцијал за зголемување на приходот (54%)
  • да бидеш сам свој шеф (52%)
  • флексибилност во однос на работно време/начин на живот (45%)
  • можност да ја следиш својата страст (40%), и
  • да поминуваш повеќе време со семејството (36%).

Покрај овие реални придобивки, сакавме да ги откриеме и другите мотивирачки фактори. Голем број жени сметаат дека да бидеш претприемач е моќно, инспиративно, значајно и го менува животот. Всушност, 45% од испитаниците веруваат дека претприемништвото е можност со која на жените им се даваат повеќе добри примери.

Односно, еден од најважните мотивирачки фактори зошто жените сакаат да станат претприемачи е да им помогнат на идните генерации. 80 % од испитаниците се согласија дека сакаат да почнат бизнис со цел да бидат пример за помлади жени и девојки.

Чести предизвици кога почнуваме нов бизнис

Желбата за почнување бизнис е најважна според многу жени, меѓутоа сакаме да ги наведеме и ризиците, предизвиците и грижите поврзани со претприемништвото. Кога ги прашавме испитаниците што би можело да ги одврати од идејата да почнат нов бизнис, рекоа дека ги загрижуваат овие работи:

  • почетните трошоци за почнување бизнис (52%)
  • недоволна поддршка за финансирање или за запознавање со пазарот (44%)
  • несигурност за тоа кои чекори треба да се преземат за да се почне бизнис (24%)
  • ограничена едукација и обука за почнување, водење и градење бизнис (19%)

Новите бизнис активности може да бидат застрашувачки, па многу луѓе може да сеисплашат одидејата да почнат нешто ново. Како што е случајот со голем дел од нас, сакаме да бидеме сигурни во своите вештини пред да стапнеме на нова територија.

Поради оваа причина, 52% од испитаниците рекоа дека би им било од помош да имаат ментор што ќе ги води во текот на нивното претприемничко патување за да го направат првиот чекор за почеток на сопствен бизнис. Слушнавме слични искуства како искуствата на нашите независни Дистрибутери кои добиваат обука и насоки од своите спонзори.

Нашето истражување покажува и дека 43 % од жените ќе направат прв чекор ако имаат можност да водат бизнис хонорарно додека да станат подготвени за полно работно време.

Како Herbalife Nutrition ги обучува и им дава моќ напретприемачите

Herbalife Nutrition им дава поддршка на независните Дистрибутери во секој чекор што го прават. Затоа компанијата нуди широк спектар на алатки, меѓу кои и онлајн ресурси што опфаќаат важни бизнис теми, како што се:

  • Како да направите бизнис план и да ги следите трошоците.
  • Како да отворите и да водите Нутриционистички клуб.
  • Обука за производите: главни придобивки, начин на употреба и безбедни препораки за клиентите.
  • Како самоуверено да го пренесувате своето искуство со деловната можност, со производите или со намалување на телесната тежина.
  • Како да ги искористите социјалните медиуми за да привлекувате следбеници и да ги активирате клиентите.

Оваа едукација е поткрепена со менторската релација помеѓу Дистрибутерите и нивните спонзори. Блиската индивидуализирана релација ги поттикнува и мотивира новите Дистрибутери да се здобијат со знаење и обука за да може да им обезбедат најдобра услуга на своите клиенти.

ОВДЕ може да прочитате повеќе за деловната можност на Herbalife Nutrition.

Автор: Иби Монтесино, постар потпретседател и генерален директор, Северна Америка

* ПР - објава