Забава // Занимливости
Денеска е Меѓународен ден на мажите, а еве зошто се слави!
- 19 Ноември, 2021 15:00
Веќе 22 години секој 19 ноември се слави Меѓународниот ден
на мажите кој има за цел да ги надмине родовите разлики и да придонесе за
рамнотежа меѓу половите.
Празникот се слави од 1999 година во Тринидад и Тобаго, а со текот на годините ја доби поддршката од многу поединци и здруженија како што се Обединетите нации.
Тоа е можност да се истакне дискриминацијата на мажите и момчињата и да се прослават нивните достигнувања и придонеси, особено за нивниот придонес во заедницата, семејството, бракот и грижата за децата.
Фото: Pixabay