Десет квадратни метри без тоалети: Колку е најевтиниот стан во Москва?

Најевтиниот стан во руската престолнина чини 2,5 милиони рубљи (30 илјади евра). Се работи за 10-тина квадрати без тоалети.

Цената на најевтиниот стан во Москва на крајот на 2021 година е 2,5 милиони рубљи, соопшти за медиумите рекламниот портал „Авито Недвижимост“.

Станот има 10 квадрати, се наоѓа недалеку од метро станицата „Нижегородскаја“, на прв кат од единаесеткатница изградена 1983 година.

„Во моментов, станот што се продава нема тоалет. Продавачот ветува дека ќе го изгради кога ќе се договори со купувачот за продажбата“, објаснуваат од компанијата.

Исто така, меѓу најевтините станови во Москва е студио од 13,2 метри квадратни за 2,8 милиони рубљи (33,6 илјади евра). Овој стан се наоѓа и во југоисточниот дел на Москва, во областа на метро станицата „Стахановскаја“.

На трето место меѓу најевтините станови се најде стан од 15 квадратни метри за 2,85 милиони рубљи (34,2 илјади евра).

Просечната цена на квадратен метар во Москва е 467.320 рубли (околу 5.600 евра).

извор:hr.rbth.com