Десет пати побогат сега како крал отколку кога беше принц: Кралот Чарлс доби сѐ, но и страшната болест
Можеби се прашувате дали со фунција како крал доаѓа и голема плата. Впрочем, кралското семејство вреди неразбирливи суми на пари. И како шеф на монархијата, кралот е објективно најбогатиот од групата. Еве што треба да знаете за нето вредноста на кралот Чарлс Тој поседува најмалку 11 палати. Не можете да бидете крал без палата, или 11, нели? Кралот Чарлс поседува најмалку 11 имоти, вклучувајќи палати, замоци и други резиденции кои се под јурисдикција на Круната. Како што веќе претпоставувате, еден од најскапите имоти на кралот е Бакингемската палата, чија вредност се проценува на 4,9 милијарди долари, според Форбс. Чарлс ги поседува и Кларенс Хаус, Балморал и Сандрингам. Неговиот вкупен имот изнесува околу 10,1 милијарди долари, според Форбс. Пред да биде крунисан „тежеше“ десет пати помалку, но сега повеќето кралски имоти се во негова сопственост и работи кои и да не ги знеме. Затоа се вели дека тој всушност е и најбогатиот крал во моментов, иако тоа е на ниво на шпекулации.
Инаку, Минатиот месец на 75-годишниот крал му беше дијагностициран рак поради што беше принуден да се повлече од јавните должности. Но, фотографиите што ги сподели палатата покажуваат како кралот се насмевнува додека се ракува со амбасадорката на Алжир во ОК, Нуредина Јазид. Чарлс се сретна и со мавританскиот амбасадор Самба Мамаду, а преку видеоповик разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, пишува „Дејли мејл“.
Овие фотографии доаѓаат по објавувањето на веста, а потоа повлечена, дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ќе присуствува на церемонијата на Trooping the Color на 8 јуни.
Кралските обожаватели се собраа да купат билети за церемонијата со цел конечно да ја видат принцезата. Како што објавија локалните медиуми, билетите се распродадоа за еден час.
Кралицата Камила заврши 13 официјални ангажмани по откривањето на здравствената состојба на својот сопруг. На кралот му бил дијагностициран рак по хоспитализацијата за лекување зголемена простата.
Чарлс се лекуваше во истата болница како и принцезата од Велс, која во јануари имаше операција на абдоменот поради непозната состојба.
Принцезата од Велс не се појави во јавноста од декември 2023 година кога присуствуваше на божиќната служба со своето семејство – принцот Вилијам и нивните три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Од палатата соопштија дека принцезата ќе се врати на своите обврски по Велигден.