ДЕТАЛИ ЗА СРПСКАТА КРИМИНАЛНА ГРУПА: Сечеле глави и ги топеле луѓето со киселина
Брутално мачеле луѓе, им сечеле глави и ги топеле во киселина, па си ги препраќале снимките. Полицијата откри нови детали за свирепата српска криминална банда.
Полицијата во соработка со БИА и обвинителството за организиран криминал, освен двајцата организатори, уапсила уште 15 припадници на групата поради сомнение дека извршиле најмалку девет ликвидации, меѓу кои и убиството на навивачот на Црвена Ѕвезда, Здравко Радојевиќ, кој лани исчезна. Неволја е уапсен на планината Рудник, а Миљковиќ во Белград. Вчера се претресени повеќе од 30 локации, меѓу кои и три викендички, лоцирани меѓу Лозница и Горни Милановац, во кои се пронајдени клучни докази за некои од најбруталните злосторства кои ги извршиле. Беливук во српската јавност е познат и како водач на навивачката група „Јаничари“, подгрупа на навивачите на Партизан, што подоцна беше преименувана во Приниципи. Тој ја презеде групата по убиството на Александар Станковиќ, алијас Сале Мутави, во близина на Централниот затвор во 2016 година, пренесе Н1. На Беливук му се судеше и за помагање во убиството на Властимир Милошевиќ во јануари во 2017 година, но подоцна беше ослободен од обвинението. На членовите на групата им се заканува доживотен затвор.