Девојчето од филмот „Круг“ денес е сон на секој маж

Ретко кој можеше да го гледа филмот „Круг“ целосно рамнодушен. Глетката на девојчето со долга црна коса како „излегува“ од телевизорот, на многумина им ја смрзна крвта . Хероината од која стравуваа милиони гледачи е Дејви Чејс.

Ако ја запознаете во приватен живот, како би реагирале?

Дејви беше Самара во филмот. Таа одлично ја одигра улогата во реализацијата на Гора Вербински од 2002 година. Овој хорор филм е на листата на највпечатливи.

Актерката денес има 30 години, а по „Круг“ играше во сериите „ЦСИ“ и „Голема љубов“.

Сепак, хорор сцените сè уште се прва асоцијација со неа.

Дејви е во светот на актерството од 1998 година, зад себе има голем број филмски и телевизиски наслови, но се обиде и со музика.

Таа исто така беше член на тинејџерски бенд, а потоа ја отпеа песната „Бог да ја благослови Америка“ во филмот на Стивен Спилберг „A.I.“