Девојка ми инсистира да ја отстранам тетоважата со името на мојот син: Ова е причината
Фото: Pixabay
Еден човек се пожали на „Редит“ за својот проблем што го имал со
својата девојка. Тој се прашуваше дали другите корисници сметаат дека е
неразумно затоа што одбива да ја слуша девојката која го замолила да ја отстрани
тетоважа со името на неговиот син.
И само на почетокот, оваа приказна изгледа едноставна, па сите би рекле дека нејзиното барање е неразумно и бесмислено. Факт е дека всушност тоа не е лесно за ниту една од страните и дека секој има солидни причини да ја брани својата позиција.
Во анонимна објава на „Редит“, 26-годишниот маж рече дека кога имал само 18 години, тој и неговата поранешна девојка трагично го изгубиле синот кој бил предвреме роден.
- Се заљубив во него во моментот кога се роди. Тешко ми беше и долго после тоа ми беше тешко - призна тој.
По некое време, тој одлучил на градите да ги истетовира името и датумот на раѓање на прерано загубениот син.
Кога неговата сегашна девојка ја видела неговата тетоважа, тој и го објаснил нејзиното значење. А, тогаш таа му признала по некое време:
- Тоа и пречеше некое време, но таа не рече ништо затоа што мислеше дека ќе помине со време. А, проблемот е што името на мојот син е исто како и името на нејзиниот поранешен. Тој беше чисто зло и таа сврте многу работи во главата за да го отстрани од нејзиниот живот - рече тој, додавајќи дека сега името на неговите гради е постојан потсетник, па затоа го замолила да го отстрани.
-Девојка ми ми рече дека е свесна дека така се вика син ми, сепак кога сум без маица на плажа, додека се тушираме или треба да водиме љубов, го гледа името и се сеќава на него и тортурата што ја преживеала.
-Одлучив дека не сакам да го тргнам неговото име затоа што ми значи да го имам на градите и на тој начин тој е дел од мојот живот. Се обидов да бидам искрен, иако разбира дека не можам да ја отстранам тетоважата. Таа сè уште е лута на мене - призна тој.