Димни бомби, тепачки и хаос во српскиот парламент – животно загрозена пратеничка која претрпе мозочен удар

Димни бомби, тепачки и општ хаос го означија во вторник почетокот на пролетната седница на српскиот парламент, објавија белградските медиуми.

Танјуг пренесува дека нередите избувнале кога пратениците од опозицијата се упатиле кон масата на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, но собраниското обезбедување ги спречило да го направат тоа.

После тоа, јави Танјуг, опозиционерите запалија ракети и фрлија солзавец и развија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да го урне режимот“.

Брнабиќ им порача дека единствениот начин да се запре работата на владата за подобрување на Србија е „да ги убиеш“.

По акцијата на насилство на опозициските пратеници во Скупштината, пратеничката Јасмина Обрадовиќ добила мозочен удар, објавија српските медиуми.

„Јасмина Обрадовиќ, на на којашто фрливте шок бомба бимаше мозочен удар и е во животна опасност. Порад вас жената се бори за животот“, изјави Брнабиќ во парламентот.