До сега невидено? Автентична снимка од погребот на генијот Никола Тесла

Генијалецот Никола Тесла почина сиромашен и во долгови. Во официјалните записи се вели дека смртта се случила на 7 јануари 1943 година во 22:30 часот. Имал 87 и стотици патенти и пронајдоци кои му донесоа слава, но не и богатство.

Сепак, имало такви кои се сеќавале на големиот научник по неговата смрт.

На погребот на Тесла присуствуваа над 2.000 луѓе. Поворката се сливала кон погребната сала на Медисон Авенија, а вклучуваше државници, јавни личности, добитници на Нобелова награда, како и стотици обични луѓе кои му е восхитуваа на генијот на кои им го олесни животот.

- Почина Никола Тесла. Тој почина сиромашен, но беш еден од најкорисните луѓе што некогаш живеел. Она што го создаде е одлично, и како што одминува времето, станува уште поголем.

- Фиорело ла Гвардија, тогашен градоначалник на Њујорк

Комеморацијата беше пренесена од Радио Њујорк, а сите водечки весници објавија написи за „заминувањето на генијот“.

Комеморацијата се одржа на 10 јануари во Соборниот храм Св. Јован Богослов во Менхетен. Ковчегот беше покриен со американско и југословенско знаме.

На барање на Тесла, музиката го придружуваше. Тој побара две песни – Шубертовата композиција „Аве Марија“ и за крај „Таму далеку“.

За ова сведочи звучниот запис што останал сочуван до денес во Њујоршаката ахива.