ДОАЃА УШТЕ ЕДЕН ЗИМСКИ БРАН: Почетокот на април ни носи продор на ладен воздух, снег и појава на мразеви

Самиот почеток од април во Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат. Во ваква ситуација, на планинските и на Скијачките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите. Барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, не се исклучува можноста во почетокот на април снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така провејување на снег можно е да имаме  и во повисоките населени места во западните  и во северните предели од нашата Македонија, објави метеорологот Славчо Попоски.

„На Метеоролошката карта можете да ја видите очекуваната снежна покривка во нашата Република Македонија на самиот почеток на април, па така може да се види дека позначителна снежна покривка ќе се формира на планинските  и Скијачките места. Исто така, април оваа година ни носи можност  и за нова појава на мразеви во утринските часови“, објави тој.