Забава // Занимливости
Доби џекпот од милион долари двапати истиот ден: Ги игра истите броеви 30 години
- 30 Април, 2020
фото: Colorado Lottery
Со малку среќа и упорност, еден човек во Колорадо го освои џекпотот двапати во истиот ден, откако играше исти броеви 30 години.
Лотаријата во Колорадо објави дека извесен B.о Б. освоил џекпот од два милиони долари на 25 март. Тој ја однесе домашната награда во петокот, јавува телевизиската станица КУСА-ТВ.
Добитните ливчиња се купени во Пуебло во две различни продавници, оддалечени околу 1,5 километри. „О Б. купи една наутро и една навечер“, рече портпаролката на лотарија Меган Дагерти.
Истите бројки 5, 9, 27, 39 и 42, B.о Б. ги игра веќе 30 години, а сега конечно се исплати. На прашањето што ќе направи со парите, тој рече дека шефот, мислејќи на својата сопруга, веќе имал планови за тоа.