„Добро утро комшија“: Излетал од патот, па упаднал во дворот на соседот и имал голема среќа

Утрово се случила сообраќајна несреќа во Болеч, во која возачот изгубил контрола над автомобилот и влетал во дворот на соседот. Несреќата се случила во раните утрински часови.

Судејќи по коментарите, можно е лизгавиот пат да го натерало возачот да изгуби контрола, да излета од патот и да се забие во дворот од куќата.

На фотографиите кои ги објави страницата на ИГ Мој Београд, се гледа дека автомобилот ја срушил оградата.

За среќа, според пишувањето на оваа страница, нема повредени, па навистина можеше да се каже „Добро утро“. Затоа што штетата веќе некако ќе се надомести.

(Telegraf.rs)