Дојде во Ватикан да добие глас за Трамп, па си го доби: Папата го „избрка ѓаволот“ од Помпео

Државниот секретар на САД побара аудиенција кај првиот меѓу католиците, но тој беше изненаден

Ватикан соопшти дека е одбиено барањето на американскиот државен секретар Мајк Помпео за аудиенција кај папата Франциско, со обвинувања против Помпео се обидува да ја вовлече Католичката црква на претседателските избори во Америка осудувајќи ги односите на Ватикан со Кина.

Двајцата главни дипломати во Ватикан, државниот секретар и кардинал Пјетро Паролин и архиепископот Пол Галагер, изјавија дека папата Франциско го отфрлил барањето на Мајка Помпео за прием, бидејќи тој не сака да се состане со политичари пред изборите, објави Ројтерс

-  Папата веќе јасно стави до знаење дека не прима политичари за време на изборите. Тоа е причината - објасни Паролин.

Забелешките на дипломатите во Ватикан следеа откако Помпео, во напис и серија објави на Твитер, ја обвини црквата дека го загрозува својот „морален авторитет“ со обновување на договорот за назначување бискупи со Кина.

Помпео, кој вчера беше во Рим и треба да се сретне со официјални претставници на Ватикан во четврток, уште еднаш ја осуди Кина на конференцијата за верска слобода организирана од американската амбасада.