Дојде време крадците за зборуваат за чесност, додека нормалните немаат право на глас: 9 лекции на еден мудар човек
Дојде време кога сè што порано во мое време не беше нормално, сега е сосема нормално, а сѐ што беше нормално тогаш не е ни блиску до границите на нормалното денес. Ќе ви дадам неколку примери.
1. Во мое време родителите беа почитувани
Знаевме многу добро како да покажеме почит кон нашите родители, бевме свесни колку тие се залагаа за нас и едноставно знаевме да го цениме тоа. Денес гледам како родителите се сместени во старечки домови, без никакво каење. Не мислејќи дека и тие ќе стигнат до тој степен!
2. Измами постоеле, но не до овој степен
Нормално е, сѐ додека има живот ќе има и измами. Сепак, во мое време имаше, но во многу помал број од сега. Денес во сѐ што правите треба да ги држите очите отворени, за да не успеат другите да ве искористат.
3. Дојде време крадците да зборуваат за чесност, додека нормалните луѓе немаат право на глас
Според мене ова е главната ставка која најмногу ме боли. Денес има толку многу неправда што не може да се опише. Се слават крадците и грешниците, додека убавите и добри луѓе немаат право да зборуваат. Не знам до кога ќе бидеме вака, но сигурно нема да стигнеме далеку.
4. Браковите опстојуваа
Денес да се разведеш стана како „добар ден“. Младите ги растураат браковите поради обична расправија, едноставно дојде време кога веќе не се трпат ситници, а особено не големи работи.
5. Вистинските работи беа ценети
Мојата генерација знаеше да ги цени вистинските работи, од кои главни се карактерот, однесувањето, угледот, срамот итн. Во денешно време луѓето веќе не го гледаат тоа, карактерот е изгубен, срамот веќе не постои, кога некому ќе му спомнете углед веднаш ќе ви каже дека не го интересира туѓото мислење. Страшно, но вистинито.
6. Луѓето беа поздрави
Цел живот јадам здрава храна. Градината беше задолжителна. Денес никој ништо не сее. Зошто да сеат, кога можат сето тоа да го најдат во продавница, за истите пари? Сепак, тие не прашуваат каков квалитет има продавницата. Ваквото размислување нè води кон сè помал животен век и денес.
7. Во мое време немаше безделници
Работевме, но и имавме. Денеска кога одиш по улица ќе видиш кафулиња полни со луѓе, никој ништо не прави, сите сакаат леб без мотика. Не им е баш гајле, живеат на туѓ грб и не прашуваат како ќе бидат утре, кога ќе ги нема мама и тато.
8. Без разлика на сѐ - бевме задоволни
Имавме многу помалку од денес и повторно сите бевме задоволни. Денес, ако на луѓето им симнете ѕвезди од небото, тие ќе ви кажат: „Добро е, но дајте ни повеќе“. Понекогаш застанувам и гледам, тие навистина не разбираат дека овој живот е минлив, тоа е најголемиот проблем.
9. Во мое време луѓето беа посреќни
Сите знаевме што е среќа, депресијата беше непознат психолошки факт. Луѓето беа опуштени, секој ден бевме еден со друг. Денес, ако некој нема никаква корист од вас, нема ни да се дружи со вас.
За жал, повеќето луѓе мислат дека парите се среќа, наместо да си го живеат животот на вистински начин, тие стануваат роб на парите, само штета што нема да можат да ги земат тие пари со себе, па тоа ги повредува повеќето.
Извор: www.fazon.info