Доказ за тоа колку „длабока“ може да оди љубовта кон дијамантите: Џиновска дупка над која не летаат хеликоптери
Мир или Мирни е
светско чудо создадено од човекот и очигледен доказ до каде, поточно длабоко,
може да оди љубовта кон дијамантите.
Огромна дупка која изгледа како сцена од научно-фантастични филмови се наоѓа во најретко населената област во Русија, 8.050 километри источно од Москва. Мир или Мирни е светско чудо создадено од човекот и очигледен доказ до каде, поточно длабоко, може да оди љубовта кон дијамантите.
Џиновската дупка е широка повеќе од еден километар (1.200 метри) и длабока 525 метри. Да не беше рудникот, немаше да постои ниту градот на кој му го должи името - Мирни. Создаден е во педесеттите години на минатиот век, откако беше откриено дека Јакутија е ветената земја на дијамантите, пишува Pun kufer.
Експедицијата во источен Сибир предводена од Јуриј Хабардин се покажа како една од најпрофитабилните во историјата бидејќи откривањето на траги од кимберлит што укажува на почва богата со дијаманти го направи Советскиот Сојуз дом на највредната дупка на светот.
Мирни набрзо привлекол население кое го натерало сибирскиот студ од желбата за богатство, а до 1960-тите рудникот станал најголем во СССР.
Годишно од Мирни се вадеа два тона дијаманти, без разлика на температурите кои се спуштија до 40 степени под нулата и тлото кое беше замрзнато во поголемиот дел од годината, а во потоплите денови се претвораше во мочуриште.
Грубо, се проценува дека од рудникот биле извадени дијаманти во вредност од околу 110 милијарди евра. Најголемиот пронајден дијамант е со големина на топче за голф и вреди околу 2 милиони евра. По Втората светска војна, профитот од дијамантите и помогна на Русија да застане на нозе.
Хеликоптерите не се осмелуваат да ја прелетаат дупката поради температурните разлики и предупредувањата дека може да ги вшмука, но такви случаи се‘ уште не се евидентирани. Поради необичните звуци кои доаѓаат од длабочините на рудникот, се појавуваат бројни теории на заговор.
Мир е во сопственост на руската компанија Алроса, која произведува околу четвртина од светските дијаманти. По затворањето поради поплави, рудникот се‘ уште е делумно функционален, но не како што беше во деновите на славата. Дијамантите се ископуваат во мрежа од подземни тунели.
Фото и Видео: Youtube