Докторите конечно ја открија причината зошто пишуваат толку нечитливо: Ќе се шокирате
Колку пати ви се случило од кај лекарот да
заминете со рецепт или дијагноза и да не можете да прочитате што напишал
затоа што имаат многу нечитлив, неуреден ракопис?
Некои лекари дури признаваат дека имале прекрасен ракопис за време на школските денови, но нешто во меѓувреме се променило.
– Знам дека другите луѓе имаат проблеми со дешифрирањето на моите белешки. На училиште освоив награда за убаво пишување, а сега мојот ракопис е целосно нечитлив – признала докторката Рут Брокато.
Причината, според експертите, е преголемата работа што ја вршат лекарите. Има многу пациенти, долги работни часови, многу пишување...
- Ракописот на лекарите се влошува во текот на денот бидејќи малите мускули на рацете се заморуваат - објаснува докторот Ашер Голдстајн и додава дека убавиот ракопис е последното нешто за што се грижат после се‘ што ќе поминат во работата.
Докторите секогаш брзаат. Кога би можеле да одвојат по еден час за секој пациент, наместо 15 минути, и малку да го забават ритамот на работа, тогаш тоа позитивно би се одразило на нивниот ракопис. Покрај тоа, жаргонот што го користат, како и професионалните имиња често се целосно неразбирливи за пациентите, па кога тоа се комбинира со неуреден ракопис, не е чудно што се прашуваме „Па, како може некој да го дешифрира?“.
Забележани се дури и случаи кога пациентите го загубиле животот поради нечитлив ракопис на лекарот. Според извештајот од 2006 година, повеќе од 7.000 луѓе годишно умираат поради медицински грешки предизвикани од нечитлив ракопис.
Ова е една од причините зошто се повеќе лекари се свртуваат кон електронските медицински документи, бидејќи тоа е начин да се избегнат вакви трагедии, открива Reader's Digest.
Фото: unsplash