Забава // Занимливости
Докторот лежи заедно на операционата маса со преплашените деца пред операцијата и се фотографираат: Секоја чест
- 14 Ноември, 2024
Детскиот хирург проф. д-р. Ербуг Кескин од Истанбул има навика да лежи заедно на операционата маса со преплашените деца пред операцијата и да се фотографира за да им помогне да го надминат стравот.
Едно од тие момчиња, чиј живот буквално го спасил, се фотографирал со него речиси 10 години подоцна. А заедно со таа фотографија ја објави и онаа од операционата маса, кога беше мало момче.
Многу е веројатно оваа наша планета да продолжи да се врти токму поради постоењето на такви луѓе... А овие денови ни требаат токму вакви приказни. Секоја чест!