,Допри Ги ѕвездите“ им обезбеди сè на децата во социјален ризик
,Допри Ги ѕвездите“ на здружението Проект Среќа, а чиј основач е музичката ѕвезда Кристина Арнаудова дури и во услови на светска пандемија ги реализира целосно своите замисли.
Проектот е од исклучителна важност во последниве две години,односно во екот на светска пандемија, кој третира еден од најголемите проблеми, а тоа е пристапност на децата во социјален ризик до образование.
Со овој проект се обезбедува комплетна училишна опрема за деца во социјален , уреди за следење настава за деца во социјален ризик, годишна претплата за интернет конекција за семејства во социјален ризик, со деца кои треба да следат настава а се оневозможени заради економските услови во кои живеат, но исто така во овој проект се вклучени и меморандуми за соработка кои нашето здружение ги потпиша со низа компании, институции и лица, со кои на децата во социјален ризик им се овозмоѓува пристап до подобро нефромално образование, физичка активност, култура, како и психолошка поддршка и логопедски услуги за дел од децата кои имаат потреба од тоа, а немаат средства за да можат да си го дозволат тоа.
Токму поради тоа, сметаме дека овој проект е од исклучитена важности неговата успешна реализација Нам како здружение, многу ни значи, бидејќи тоа значи дека огромен број деца ќе имаат олеснето секојдневие, можност за следење непречено настава, но и пристап до услуги кои на нив како деца кои доаѓаат од семјества со ниски примања, без примања, или се деца од семејства приматели на социјална помош , многу им значи, и им го менува токот на секојдневието , кое најчесто за нив е еднолично и тешко, па секогаш се тргнати настрана од своите врсници, заради нееднаквиот пристап кон услуги и образование.
Проектот официјално заврши на 31.12.2021 и за тоа време ние обезбедивме:
-500 училишни прибори ( средства од проект, но и донации од компании и физички лица)
-17 семејства добија годишен бесплатен приклучок на интернет ( 7 се од средства од владата, а 10 од компанијата Триглав Осигурување)
-Беа обезбедени 55 уреди за следење настава, а еден од Уредите беше дониран во ОУ во Скопје, каде децата немаа уред за следење нстава ( донации од компании, физички лица и тн)
- Во текот на оваа година беа потпишани 11 меморандуми за соработка, преку кои децата во социјален ризик ќе ги добиваат услугите бесплатно ( култура, спорт,странски јазици, психолошка поддршка, логопед, родендски прослави, игротеки и се она кое ќе ги направи конкурентни со своите врсници)
Сите нивни проекти се насочени кон тоа децата во социјален ризик да имаат еднакви можности со нивните врсници, како во иднина би биле квалитетен и продуктивен дел од општеството.
Ова е прв нивен проект поддржан од Владата на Република Сееверна Македонија, и искрено се надеваат дека нивото на реалзиација ќе ги задоволи критериумите и дека во иднина нивните проекти повторно би добиле поддршка.