Ја грее цела куќа за 20 евра месечно: Кога му се смееше селото не се откажа - сега сите го бараат неговиот систем
Сè поголем број домаќинства во земјите од Европската унија се префрлаат на греење со биомаса, користејќи материјали како што се слама, стебленца од пченка и стебленца од сончоглед. Драган Тодоровиќ од српското село Љубиниќ стана пионер во оваа област, постигнувајќи значителни заштеди - неговото семејство за четири години ги намали трошоците за греење за цели 7.000 евра. Како што вели самиот Драган, во моментов нема подобар и поевтин начин на затоплување. Месечните трошоци за парно им се само 20 евра, додека домот е секогаш топол.
Драган и неговото семејство уште во 2017 година изградија котел за загревање на биомаса, користејќи бали со остатоци од жетвата како главен извор на енергија. На почетокот бил предмет на потсмев во селото, но денес многумина молчат пред неговиот успех. „Со сегашните цени на огревното дрво, ова се покажа како најекономично решение“, посочува Драган, истакнувајќи дека шестмесечната грејна сезона чини од 20 до 30 евра месечно.
Самиот котел е направен за помалку од една недела, со помош на неговите деца. Конструкцијата е едноставна - изградена од цврста тула и залепена со кал, како стара фурна за леб, со додаток на сигурносен вентил. Системот работи така што чадот циркулира низ специјално направени комори, што овозможува максимална ефикасност на греењето. Една бала слама овозможува загревање два часа, додека три бали ја зголемуваат температурата во бојлерот на 70 степени за само половина час.
„Системот грее 400-500 метри квадратни без проблеми, а и на минус 10 степени во куќата одржуваме 25 степени“, објаснува Драган. „Целокупната инвестиција, вклучувајќи материјали и работна сила, чинеше околу 1.000 евра - приближно колку една година огревно дрво“.
Иако во Србија ретко кој решил да го копира неговиот систем, Драган истакнува дека во Војводина веќе забележал дека на нивите повеќе нема остатоци од жетвата, бидејќи се‘ се користи за биомаса. Тој верува дека овој начин на греење ќе станува се‘ попопуларен, благодарение на ниските трошоци и леснотијата на користење.
Фото и Видео: Youtube