Драма во авион: Го врзале за седиштето бидејќи ѝ се заканувал на стујардеса и ја допирал, кога слетале го дочекало изненадување

Американскиот телевизиски новинар Сем Свини бил сведок на многу непријатен настан за време на летот од Филаделфија до Мајами. Инцидентот на кој бил сведок се случил токму пред него, а сето тоа го снимил на мобилниот телефон и го објавил на Твитер.

Свини ги објасни сите детали во твит кој беше напишан со сериозен тон.

- За време на летот од Филаделфија до Мајами на 31 јули, еден патник остварил недозволен физички контакт со стјуардесите. После тоа физички го нападнал стјуардот, кога се обидел да го врзе за седиштето - пишува во твитoт.


За време на настанот викал и се карал со другите патници, фалејќи се дека е син на богати родители, кои поседуваат два милиони долари, а му се заканувал и на својот дедо кој е адвокат. Тој на крајот бил приведен по слетувањето, а полицијата потврдила дека против него биле поднесени три пријави и дека за време на инцидентот бил во алкохолизирана состојба.

Повеќето корисници на Твитер веднаш почнаа да го осудуваат, иако тој набрзо по слетувањето се огласи и на оваа социјална мрежа, велејќи дека го третираат како „животно“ и дека му е многу непријатно кога другите патници му се смееле и го снимиле.

- Сам си виновен, никој не ти рекол да се однесуваш така. Буквално и кажа на стјуардесата дека ќе ја убиеш, порасни. Не можете вечно да сметате на помошта на тато – гласи еден од коментарите упатени до овој патник.

- Дали го цениш тоа? Го доби токму она што го заслужи на тој лет – напиша еден твитерџија.