Дрогата ја завиткал околу пенисот, но полициските власти при темелен претрес сепак го „напипале“

Органите на редот во Флорида тврдат дека пронашле кокаин и метамфетамин завиткани околу пенис при сообраќајна контрола, но како што наведуваат, овој човек негира дека тоа е неговата дрога ...

Патрик Флоренс (34) бил сопатник во автомобилот кој бил запрен околу четири часот наутро, според извори објавени на веб-страницата Smoking Gun. Надлежните тврдат дека при претресот на возилото нашле и пиштол под возачкото седиште и откриле дрога со детално претресување на патникот.

Човекот кај кој се пронајдени опијатите тврди дека дрогата не е негова, но не сака да и каже на полицијата чија е, се вели во извештаите за апсење. Според неговиот затворски извештај, Фиренс била апсен десетици пати од шерифот на округот Пиналас. Повеќето од неговите апсења се поврзани со кокаин и крек, а сега е приведен по четири точки од обвинението за наркотици и нелегално поседување оружје.

Судејќи по фотографијата создадена во полициската станица, стариот криминалец е многу задоволен од успешноста на деталната потрага и изгледа горд на фактот што полицијата си поигра со неговиот „пријател“, па оттука и широката насмевка на задоволство што веројатно ќе го придружува во текот на неговата затворска казна.