Дрогата повторно му пресуди: Раперот Раста уште 30 дена во затвор
- 03 Ноември, 2020
Немиркото нема така лесно да излезе од затвор.
Судот во Белград денес му го продолжи притворот на популарниот рапер Стефан Ѓуриќ Раста уште 30 дена, пренесуваат српските медиуми. Тој и Б.Л. се уапсени во почетокот на октомври откако кај нив беа пронајдени марихуана и кокаин.
Притворот им е продолжен поради сомнежот дека во краток рок би можеле да го повторат кривичното дело, прецизира портпаролката на судот Татјана Тешиќ.
Против бившиот сопруг на Ана Николиќ и Б. Л. Обвинителството во Белград води истрага поради сомнеж дека извршиле кривично дело – недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги, за кои е одредена казна од 3 до 12 години затвор.
Раперот за време на сослушувањето се бранел дека пронајдените наркотици му биле за лична употреба, но Обвинителството не му поверувало.