Бројките велат дека повеќе од 6,3 милиони случаи на „Ковид-19“ се пријавени ширум светот, вклучувајќи и најмалку 379.000 смртни случаи, според универзитетот Џон Хопкинс.
Светската здравствена организација соопшти дека 133 потенцијални вакцини против Ковид-19 се во развој низ целиот свет, според документите објавени на веб-страницата на организацијата.
Десет од потенцијалните вакцини се на клинички испитувања во САД, Велика Британија и Кина.
Останатите 123 се во пред-клиничка проценка ширум светот, вклучително и на Универзитетот во Токио, Универзитетот Тулан, Универзитетот во Алберта и Универзитетот во Питсбург, според СЗО.
Најголеми шанси за успех имаат американските вакцини, но се уште е рано да се каже бидејќи тестирањата се опсежни и траат долго.