Дури и Путин „падна“ на убавината на најпознатата тајна агентка: Како денес изгледа фаталната Никита
Фото: youtube/arliss123
Додека беше во зенитот на својата популарност, како фатална русокоса, актерката беше поврзувана со многу познати мажи
Австралиската актерка и модел Пета Вилсон се прослави пред неколку децении по улогата на заводничка во серијата „Никита“.
Поминаа 21 година од емитувањето на оваа популарна серија, а актерката која го толкуваше главниот лик сега живее тотално поинаков живот, далеку од очите на јавноста.
Пета денес има 51 година, а одамна престана да се занимава со глума.
Откако ја играше улогата на фатална тајна агентка, со турбулентен живот, Пета не успеа да се пробие во Холивуд. По оваа забележлива улога, со која стекна огромна популарност, актерката сними повеќе филмови, но со овие улоги не постигна значителен успех.
После тоа, таа престана да глуми во 2012-та година, а кога се повлече од јавната сцена, почна да се занимава со дизајн, а започна и своја линија за долна облека. Покрај работата, таа се посвети на семејниот живот и на синот Марлоу, од врската со сценаристот Демијан Харис.
Убавата актерка ја прекина врската со Харис во 2002-ра година, а од тогаш речиси ништо не се знае за нејзиниот љубовен живот.
Сепак, додека беше во зенитот на својата популарност, како фатална русокоса, актерката беше поврзувана со многу познати мажи. Се шпекулираше дека таа ги завела музичарот Мик Џегер и актерот Расел Кроу.
Исто така, како што пишуваа медиумите додека глумеше во популарната серија, на славната Никита не можеше да ѝ одолее ниту на Владимир Путин.
Извор: www.telegraf.rs