Дури по 30 години проговори стјуардесата на Тито: Откри голема вистина за Броз
фото: Printscreen/RTS
Милица била меѓу првите дами кои работеле како стјуардеси во Југославија, а летала и кога Тито бил меѓу патниците во авионот.
Автобиографијата „Flight Records“ ја следи младата Милица Лукиќ, од почетокот на шеесетите години на минатиот век, кога една летна вечер, минувајќи покрај филијалата ЈАТ на тогашниот булевар на револуцијата, помислила - каква е работата и животот на стјуардеса.
Милица била меѓу првите дами кои работеле како стјуардеси во Југославија, а летала и кога Тито бил меѓу патниците во авионот.
Во гостување на Белградска хроника, Милица Лукиќ изјави дека верува оти работата на стјуардеса, која е напорна и сериозна, не е доволно ценета.
Милица 30 години непрекинато работела како стјуардеса. Сменила седум униформи и била дел од екипажот на повеќе видови авиони.
Романизираната автобиографија Flight Records е додаток на изданието на книгата што таа ја напишала пред 20 години.
Чувствував дека не кажав сè, а потоа, во моментот на ковидот, кога другите не знаеја што да прават со себе, седнав и пишував, рече Лукиќ, додавајќи дека „не премолчела ништо“.
Таа вели дека дури кога и завршила кариерата се запрашала - како можела да го работи тоа.
За Јосип Броз Тито, со кој често летала, накратко кажа дека е - едноставен човек и дека имал вообичаена комуникација и дека поради тоа воопшто не била нервозна кога разговарала со претседателот на Југославија.
За успешна стјуардеса, вели таа, најважна е вештината на комуникација, но и брзата и коректна реакција во одредени ситуации.
Нејзиниот последен лет бил на релација Лос Анџелес - Чикаго - Белград.
„Мислев дека ќе биде тешко да се преживее последниот официјален лет. Заминав, никој не знаеше. И секој што ја чита оваа книга ќе го промени своето мислење за стјуардесите, кога ќе видат што доживуваат овие девојки - и добро и лошо“, рече Лукиќ.
извор:espreso.co.rs