Дури сега откриено: Потегот на принцезата Дајана
Според написот од Њујорк Тајмс од 1981 година, принцезата Дајана одбила нанејзината кралска свадба да изговори збор што бил обврзувачки со векови, а после тоа, ниту Кејт Мидлтон ниту Меган Маркл не го кажале тој збор!
Целиот свет веќе знае дека Меган Маркл често ги крши кралските правила, поради што ја излудува кралицата Елизабета Втора.
Но, малкумина знаат дека нејзината снаа, покојната принцеза Дајана, крена многу повеќе прашина со своето однесување.
Поточно, кога се омажи за принцот Чарлс во 1981 година во катедралата Свети Пол во Лондон, таа одлучи да не каже збор што значеше дека ќе ги почитува желбите на нејзиниот сопруг и ќе го слуша.
Поточно, од 1662 година, важечки се правилата на англиканската „Книга на заедничка молитва“, или заветот, во која се наведува дека жените ќе ги сакаат, негуваат и ги слушаат своите партнери до смртта.
Според написот од Њујорк Тајмс од 1981 година, принцезата Дајана е првата личност во британското кралско семејство, која не го изговорила зборот „послушај“ за време на свадбената церемонија, што значи дека не сакала да се покорува.
Традиционалистите беа воодушевени од нејзиниот потег и се појави огромна дебата.
Објаснувањето за овој чин е многу јасно. Принцезата не сакаше да испрати порака јавно дека нејзиниот сопруг е доминантен во врската, а Чарлс се согласи.
Иако ова кршење на кралските традиции предизвика контроверзии во судот и во британските медиуми, со текот на времето се раѓа ново правило.
Следејќи го нејзиниот пример, зборот (правилото) не се најде во заветите на Кејт Миделтон за време на нејзината венчавка на принцот Вилијам, ниту војвотката од Сасекс не го изговори овој збор на принцот Хари.