„Два часа ме силуваа седум луѓе еден по друг“: Нови детали за грозоморниот чин на блогерскиот пар кој беше нападнат во Индија (ВИДЕО)
Уапсени се четворица од седумте напаѓачи во Индија, кои силуваа блогерка и го претепаа нејзиниот сопруг, а полицијата соопшти дека сите осомничени се идентификувани.
Блогерската двојка Фернандо и Винсенте доживеале страшен напад за време на нивното патување низ светот.
Тие во неделата вечерта им се заблагодарија на своите следбеници за поддршката на социјалните мрежи.
На првото видео, објавено на 1 март, се гледаат Фернанда и Винсенте со големи модринки и отоци на лицето, додека и двајцата изгледаат видно потресени. Во изјавата дадена за шпанските медиуми, тие открија дека биле нападнати по посетата на областа Думка во индиската држава Џарканд - популарна туристичка дестинација.
Двојката одела во Непал преку Багалпур, но застанала во Думка да се одмори и го поставиле својот шатор во близина на пазарот Хансдиха. Откако заспале, 7 млади момчиња упаднале во шаторот и ги нападнале двајцата.
- Не совладаа. Ми ставија нож на вратот и ми рекоа дека ќе ме убијат - раскажува Винсенте во едно од видеата со долната усна отечена и навидум зашиена.
- Фернанда беше силувана. Седум од нив. Седум луѓе. Кучки синови...Додека Винсенте има бројни модринки на главата, се чини дека на страната на лицето на Фернанда има многу погоелми повреди, со темноцрвени траги на образите и вилицата.
- Во болница сме, овде во Индија. Со полицијата. Не пуштија да спиеме овде - вели Фернанда со црвени очи од солзи.
Потоа, Винсенте објаснува дека по пријавата за силувањето, тие биле донесени во здравствениот центар на заедницата Сарајахат за да може Фернанда да биде прегледана.
Насловот на видеото на англиски гласи: „Ни се случи нешто што никому не би го посакале. Ме силуваа седум мажи. Не тепаа и ограбија, но не земаа многу затоа што сакаа да ме силуваат. Во болница сме со полиција. Тоа се случи вечерва овде во Индија“.
Како што рекоа во интервју за шпанската телевизија Антена 3, решиле да кампуваат бидејќи не можеле да најдат хотел во близина.
- Ме силуваа, еден по друг, додека некои гледаа. Тоа траеше околу два часа – изјави Фернанда.
Според Euronews, шпанската амбасада во Индија ги контактирала локалните власти и испратила персонал да се консултира во регионот и да им понуди поддршка на Винсенте и Фернанда.
Винсенте и Фернанда исто така велат дека и покрај страшниот настан во Индија, запознале многу добри луѓе.
- Немојте да мислите дека Индија е ова. Тоа е одлична земја што вреди да се посети. Како и сите земји, има и добри и лоши работи - изјави Висенте.
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмИзвор: Blic.rs