Џамбазов за Андреј: „Пријателе ...малкумина има како тебе, ти беше од таа специјална сорта - добри луѓе“

Македонскиот музичар, актер, текстописец и шоумен, Игор Џамбазов со длабока тага изрази жалење за прерано згаснатиот живот на неговиот колега и пријател Андреј Ѓорѓиоски од дуото ДНК.

„Пријателе...

Немам зборови.
Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.
Уште помалку да пеам.
Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе.
Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку...

Сонувај спокојно...“, напиша Џамбазов.

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)