Џастин Тимберлејк за прв пат проговори по апсењето: Ниту полицијата не го препознала проблематичниот пејач

Тој се бранеше дека испил само едно мартини...

Популарниот пејач и актер Џастин Тимберлејк (43) беше уапсен пред неколку дена.

Тој спиел во полициска станица откако бил уапсен поради возење во алкохолизирана состојба.

Иако се бранел дека „испил само едно мартини“, полицијата веднаш увидела дека е под дејство на алкохол.

- Ова ќе ми ја уништи турнејата - наводно рекол пејачот кога бил приведен.

Изворот за странските медиуми раскажал и како еден од полицајците не го препознал - ниту по изглед, ниту по име, па по таа реченица го прашал: „Каква турнеја?“, на што пејачот рекол: „Па, светска турнеја !

Токму како дел од таа турнеја, Џастин настапи во петокот во Чикаго, а таму пејачот накратко им се обрати на своите обожаватели.

Тоа беше и негов прв концерт по апсењето, а доби поддршка од своите обожаватели.

- Луѓето прават грешки. Се разбира, никој не го оправдува тоа што наводно го направил. Но, знаете, за таква грешка... Многу луѓе добиваат билети за возење во алкохолизирана состојба. „Никој не вели дека е добро, но јас сепак те сакам на крајот од денот“, изјави еден фан за Ројтерс.

- Ова беше тешка недела. Знам дека понекогаш е тешко да ме сакате, но сепак продолжувате да ме сакате – рекол тој.

Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs