Забава // Занимливости
Џеф Бриџис има рак: Започнува со третмани, му претстои животна битка
- 20 Октомври, 2020
Го немаше во јавноста подолго време, но имало и зошто. Познатиот холивудски актер Џеф Бриџис откри дека има лимфом, но вели дека неговата прогноза е добра.
Во еден твит повторувајќи го неговиот лик Д Дуд (Батката) во филмот „Големиот Лебовски“, Џеф рече дека започнува со третмани, признавајќи дека станува збор за сериозна болест.
Лимфомот е форма на рак кој влијае на лимфниот систем – дел од мрежата што се бори против микробите во организмот.
70-годишниот Бриџис е добитник на „Оскар“ за најдобра машка улога во 2010 година за улогата на алкохоличар во филмот „Лудо срце“.