Џиџи Хадит не ѝ е вистинско име: Ќе се изненадите кое име го има, а е толку присутно на овие простори
- 19 Јули, 2023
Малкумина знаат дека вистинското име на славниот модел Џиџи Хадид е едно од најчестите имиња на овие простори.
Имено, името на младата Американка со Израелско потекло е всушност Јелена. Помладата нејзина сестра Бела Хадид, исто така еден од најпознатите модели на денешницата, прва јавно и се обрати со нејзиното вистинско име, а не со прекар.
Бела ја објави насловната страница на списанието „Вог“, на која позира младиот модел Џиџи, и и испрати бројни комплименти и призна колку е горда на неа.
- Јас сум толку горда на тебе, Јелена! Тој сјај после бременоста ме воодушевува секој ден! Ме расплака… Лице, коса, тело… Но, најважно од сè е давање љубезност, почит, интегритет и мајчинство! Најдобрата мама. Најдобрата девојка. Те сакам, сестро, мојата Супер жена! - напиша Бела на Инстаграм.