Забава // Занимливости
ЏИХАДИСТИ ИМА НА БАЛКАНОТ: Италијанските тајни служби велат дека ги има и во Македонија
Италијанските тајни служби откриваат што се тоа „Балкански лавови“.
На Балканот сега дејствуваат 20 џихадистички ќелии, а целта им се терористички напади низ Европа, предупредуваат италијанските разузнавачки служби, а пренесува весникот „Ил Темпо“. Тие претставуваат, како што се наведува, „инкубатор на безбедносни закани“ за цела Европа.
Повеќето од овие групи се на територијата на Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, но ги има и во Црна Гора, Србија и Македонија.
Италијанскиот весник „Ил Темпо“ пишува дека овие ќелии постојат околу две години, но во последно време, особено од почетокот на војната во Израел, се забележува нивна нешто поголема активност.
Тие се повратници од Сирија и Ирак, но постојано регрутираат нови лица, како и мигранти кои минуваат по оваа балканска рута.Инаку, ИСИС и Ал Каеда повикаа на напади против израелски и американски цели.